Првиот натпревар од полуфиналната серија во Западната конференција меѓу Голден Стејт и Хјустон очекувано донесе драма и незивесност. Актуелниот шапион, кој е домаќин на првите две средби, славеше тесно со 104-100 и поведе со 1-0 во победи.
„Вориорс“ во најголем дел од средбата беа во предност, најмногу со девет поени, но во финишот Хјустон имаше шанса да продолженија.
Почетната постава на Голден Стејт одработи одличен натпревар, особено Кевин Дурент кој псотигна 35 поени и се проби на 11. место на вечната листа стрелци во плеј-офот. Стеф Кари додаде 18 поени, Дрејмонд Грин и Андре Игудала по 14 и Клеј Томпсон 13 поени.
Хјустон пред се се потпираше на индивидуалните квалитети на бековската линија и имаше дури 47 удари за три поени, но погоди само 14. Прв стрелец беше Џејмс Харден со 35 поени, а Ерик Гордон заврши со 27 поени.
Од екипата на Хјустон по натпреварот жестокто реагираа на судењето, особено тренерот Мајк Д Антони и Џејмс Харден. Тврдат дека дури и судиите признале оти правеле грешки во првото полувреме. Сметаат дека имало недуседени фаули со што им биле ускратени дури 12 слободни фрлања.
Вториот натпревар повотрно е во „Оракал Арена“, а закажан е за 1.мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА