Голден Стејт подобар од Лејкерс во првиот меч сезонава за двата тима

НБА тимовите ги почнаа претсезонските натпревари како дел од подготовките за новата сезона во најсилната кошаркарска лига во светот.

Голден Стејт вориорс синоќа славеше над Лос Анџелес лејкерс на домашен терен со 125-108. Во меч во кој стартерите на двата тима одиграа по 15-тина минути, а Леброн Џејмс не ни доби шанса, најефикасен во победничкиот тим беше Џонатан Куминга со 25 поени, додека кај поразените Дејвис, Расел и Кристи постигнаа по 15 поени.

Се вчитува...