Голден Стејт повторно победува, плеј-офот е се подалеку за Леброн и за Лејкерс (ВИДЕО)

Актуелниот НБА шампион, Голден Стејт по два пораза повторно се врати на победничка патека. Славеше на гостувањето кај Филаделфија со 120-117 во натпреварот во кој Кевин Дурент го предводеше тимот со 34 поени, Стеф Кари постигна 28, Демакрус Казинс 25. Ол-стар ѕвездата на Филаделфија, Бен Симонс средбата ја заврши со 25 поени.

Голден Стејт сега има ефект од 44/19 и повторно му се одлепи на Денвер во трката за лидерската позиција во Западната конференција. Филаделфија со биланс 40/23 е четвртопласирана во Источната конференција.

Денвер кој пропушти прилика да го преземе врвот на конференцијата сега е се подалеку од таков резултат со оглед на победата на Голден Стејт и поразот кој го доживеа од Њу Орлеанс со 120-112. Денвер заостанува две победи за лидерот, има и пораз повеќе. Никола Јокиќ и Џамал Мареј постигнаа по 20 поени. Во победничкиот тим Џру Холидеј беше прв стрелец со 29 поени.

Изненадувачкиот пораз од најслабиот тим во Западната конференција ги носи Леброн Џејмс и ЛА Лејкерс се подалеку од разигрувањето. Тимот од Лос Анџелес загуби на гостувњето во Аризона со 118-109 и сега е на биланс 30/33 што е пет победи помалку и четири порази повеќе од осмопласираниот на Запад, градскиот ривал, ЛА Клиперс.

Леброн Џејмс постигна 27 поени во поразот, имаше и 16 асистенции и девет скока, Брендон Инграм заврши со 25 поени. Кај Феникс Деандре Ејтон постигна 25 поени, а Девин Букер еден помалку. Ова беше прва победа за Феникс над ЛА Лејкерс од ноември 2017 година.

Се вчитува...