Голден стејт се разбуди – четврта победа во низа, Милвоки повторно на триумфални патеки (ВИДЕО)

Победите на Голден стејт и Милвоки се издвојуваат од синоќешните пет натпревари во НБА лигата.

Милвоки се врати на триумфалните патеки во Атланта, убедливо славејќи со 86-112. Гостите славеа благодарение на одличното прво полувреме по кое имаа +23 поени. Мидлтон запиша 23 поени а Илјасова имаше 18 поени и 17 скока.

Голден стејт полека се буди. Против Феникс запишана е четвртата победа во низа. Домашните славеа со 105-96. Одлична партија кај Вориорс имаше Расел со 31 поен, а кај поразените Букер заврши со 34 постигнати поени.

Најдраматично беше на дуелот меѓу Шарлот и Оклахома. Гостите славеа по продолжение со 102-104. Победи запишаа и Орландо против Филаделфија со 98-97 како и Мајами против Индијана од 113-112.

Се вчитува...