Голден Стејт славеше со 47 поени разлика, „дабл-дабл“ за Јокиќ но пораз за Денвер

Убедливата победа на Голден Стејт како и домашниот пораз на Денвер се издвојуваат од синоќешните пет натпревари во НБА лигата.

Голден Стејт дури со 47 поени разлика славеше против Шарлот со 137-90, а најефикасен кај домашните кои погодија дури 21 тројка беше Стеф Кари со 25 поени.

Денвер, пак, иако имаше предност против Вашингтон сепак загуби до 90-95. Никола Јокиќ постигна 23 поени а имаше и 14 скока, но доби исклучување во финишот од мечот. Гостите до победата ги предводеше Браун со 25 поени.

Сакраменто победи на гости против Сан Антонио со 106-113. На Спарс не им помогна ниту одличната партија на Олдриџ од 27 постигнати поени, а на спротивната страна со 26 поени најефикасен беше Хилд.

ЛА Лејкерс во неважен натпревар за двата тима победија против Њу Орлеанс со 102-130, додека ЛА Клиперс беа подобри од Мемфис со 113-96.

Се вчитува...