Голден Стејт, Торонто и Портланд на чекор до полуфиналето од НБА плеј-офот (ВИДЕО)

Актуелниот шампион, Голден Стејт е на чекор до пласман во полуфиналето од Западната конференција во НБА плеј-офот откако поведе со 3-1 во првото коло од разигрувањето во серијата со Лос Анџелес Клиперс добивајќи го натпреварот број четири со 113-105.

Кевин Дурант со 33 поени и Клеј Томпсон со поен помалку беше најефикасни во триумфот, Стеф Кари имаше дабл-дабл од 12 поени и 10 скока.

Веќе на следнот натпревар, петти во серијата подобар од сеудм, Голден Стејт ќе може да го затвори првото коло, особено што средбата ќе ја игра на домашен терен.

Портланд е на чекор до подвиг и елиминација на Оклахома, поведе со 3-1 во победи во серијата од првото коло откако го доби четвртиот натпревар со 111-98 и тоа на теренот на противникот.

Сиџеј Мекалум со 27 поени и Демијан Лилард со 24 беа носители на победата која го доведе Портланд на чекор од пласман во полуфиналната серија. На Оклахома не и беа доволни ниту 32 поени на Пол Џорџ. Следниот натпревар е на теренот на Портланд.

Во Источната конференција, Торонто е на најдобар пат за обезбеди место во полуфиналето бидејќи има 3-1 во победи во серијата против Орландо. Во натпреврот број четири „репторс“ славеа 107-85 и само уште една победа го дели од пласман во слендата натпреварувачка фаза.

Каваи Ленард со 34 поени беше најзаслужен за третата победа на Торонто кој веќе по два дена на свој паркет би можел да го завери пласманот во четвртфиналето од разигрувањето за титулата.

Се вчитува...