Голден Стејт направи „брејк“ во првиот четвртфинален натпревар против Минесота во Западната конференција, но остана без услугите на својот најдобар кошаркар, Стеф Кари кој заработи повреда во втората четвртина и мораше да го напуши теренот.
Деталните прегледи уврдија лоши вести за седумкратниот НБА шампион бидејќи Кари ќе ги пропушти следните три натпревари од серијата. Повредата на задната ложа ќе го спречи искусниот американски бек да биде дел од тимот најмалку една недела.
„Секоја година разигрувањето за титула е прилагодување, без разлика дали се работи за тактика, повреда или состави. Така да, едноставно мораме да се прилагодиме. Познато ни е тоа од порано и верувам дека ќе успееме да се прилагодиме“, изјави тренерот Стив Кер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА