Голден стејт загуби меч, но полошо е што го загуби Дурант до крајот на сезоната!?

Голден стејт имаше повеќе од лоша вечера во Вашингтон. Загубија „Вориорс“ од Вашингтон со 112-108, но мечот го одбележа повредата на коленото на ѕвездта на тимот од Оукленд, Кевин Дурант.

Дурант на теренот мина само две минути, кога на бизарен начин заработи сериозна повреда на коленото, откако неговиот соиграч Заза Пачулија при пад на под налегна на ногата на несреќниот Дурант. Според првичните анализи се работи за сериозна повреда. Иако нема официјална потврда првичните најави се дека ќе мора да паузира три месеци, речиси до крајот на сезоната…

Инаку, во триумфот на Вашингтон најдобар беше Бредли Бил со 25 поени, а исто толку поени на спротивната страна запиша и Стеф Кари.

Денвер продолжи да си го чисти патот до доигрувањето. Синоќа славеа во Чикаго со 125-107, предводени од Данило Галинари со 22 поени, додека Рондо на спротивната страна постигна 19 поени. Треба да се истакна „трипл-дабл“ ефектот на Никола Јокиќ од Денвер со 19 поени, 16 скока и 10 асистенции.

Нов „трипл-дабл“ запиша и Расел Вестбрук во победата на Оклахома над Јута од 109-106. Вестбрук мечот го заврши со 43 поени, 11 скока и 10 асистенции. Ова е за него 30-от „трипл-дабл“ сезонава.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Вашнгтон – Голден стејт 112-108, Чикаго – Денвер 107-125, Мемфис – Феникс 130-112, Оклахома – Јута 109-106, ЛА Лејкерс – Шарлот 104-109

Се вчитува...