„Голеада на Енфилд“… Ливерпул се мачеше, а Јунaјтед лесно до победа! (ВИДЕО)

Ливерпул се мачеше против Кристал Палас во 23. коло од Премиерлигата, но успеа да стигне до значајна победа во трката за шампионската титула од 4-3.

„Црвените“ потешко од очекувањата стигнаа до посакуваните три бода. Гостите поведоа во првото полувреме со голот на Таунсенд во 34. минута. Домашните успеаја некако да стигнат до пресврт со головите на Салах во 47. минута и Фирмино во 53. минута…




Но, Кристал Палас израмни во 65. минута со голот на Томкинс, за да Салах со својот втор гол во 75. минута донесе водство за Ливерпул од 3-2. Мане во 93. минута зголеми на 4-2, а конечните 4-3 ги постави Мејер во 95. минута….


Манчестер јунајтед, пак, дојде и до шестата едноподруго победа под водство на Оле Гунар Солскјер, овој пат славејќи со 2-1 против Брајтон. „Црвените ѓаволи“ поведоа со 2-0 со головите на Погба во 27. минута и Рашфорд во 42. минута, а Брајтон само постигна почесен гол преку Грос во 72. минута.



РЕЗУЛТАТИ – 23. КОЛО

Бурнмаут – Вест Хем 2-0

Ливерпул – Кристал Палас 4-3

Манчестер ј. – Брајтон 2-1

Њукасл – Кардиф 3-0

Саутемптон – Евертон 2-1

Ватфорд – Барнли 0-0

Арсенал – Челси (18:30 ч.)

 

Се вчитува...