Голем гест на Челси: Ќе донира 15 милиони долари за семејствата на Диого Жота и Андре Силва!

Екипата на Челси и дел од фудбалерите донеле одлука да донираат 15,5 милиони долари на семејството на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, после трагичната смрт по сообраќајната несреќа во Шпанија.

Челси се реши да се откаже од бонусите за освоениот пехар од Светското клупско првенство пред еден месец, за да му помогне на семејствата на двајцата браќа. Станува збор за сума од 15,5 милиони долари (околу 500.000 по фудбалер). Челси за освојување на турнирот заработи околу 114,6 милиони долари, од кои 15,5 се реши да им додели на играчите како бонуси, но тие сега ќе завршат како помош на семејствата на трагично загинатите фудбалери.

Диого Жота и неговиот брат Андре Силва загинаа на 3. јули годинава откако со Ламбурџини излетале од пат на северот на Шпанија. Тие двајца оделе кон Сантандер, од каде Диого требало со брод да се упати кон подготовките на Ливерпул за новата сезона, поради забраната да лета. На Жота неколку денови претходно му била направена мала интервенција на белите дробови, со што добил препорака да не патува со авион.

Се вчитува...