Голем хендикеп за Австралија: Без Бен Симонс на Мундобаскетот

Репрезентацијата на Австралија ќе биде значително ослабена на Светското првенство без својата најголема ѕвезда, бекот на Филаделфија Бен Симонс.

Агентот на Симонс откри дека неговата одлука е ова лето да одмори и максимално да се подготви за следната НБА сезона во Филаделфија, поради што го одбил повикот за настап во репрезентативниот дрес.

Симонс минатата сезона бележеше по 16,9 поени, 8,8 скока и 7,7 асистенции во просек по натпревар во НБА лигата.

Австралија на Мундобаскетот ќе игра во Групата Х заедно со Канада, Сенегал и Литванија.

Се вчитува...