Голем инцидент во Мелбурн: Жесток судир на Маркез по кој се откажа од трката… (ВИДЕО)

Маверик Винале запиша победа на Мото ГП трката за Големата награда на Австралија, но сето тоа остана во сенка на инцидентот на Марк Маркез и Јохан Зарко.

Големиот инцидент се случи во 22 круг на трката во Мелбурн кога дојде до контакт меѓу двајцата возачи. Францускиот мотоциклист тргна во напад на шампионот, но неспретно реагираше од позадина и се судри со Маркез. Зарко имаше пад по што заврши со трката. Шпанецот, пак, успеа само да стигне до боксот но поради оштетување на моторот беше приморан да се откаже од трката…

 

Се вчитува...