Голем „кикс“ на Бањаја, шпанска доминација во Португалија

Денешната спринт-трка во Мото ГП што се возеше за Големата Награда на Португалија мина во знакот на шпанските мотоциклисти, а на крајот на победата се радуваше Маверик Вињалес.

Тој успеа да стигне до триумф пред се благодаарение на големата грешка на големиот фаворит Франческо Бањаја, кој на четири круга до крајот направи огромна грешка. Имено, Бањаја имаше солидна предност во однос на ривалите без потреба од преголем ризик , но за момент ја загуби контролата над моторот и излета од патеката.

Ривалите знаеја како да го искористат тоа и го минаа големиот фаворит, па така Вињалес се закити со триумф, пред сонародниците Марк Маркез со Гресини и Хорхе Мартин со Прима Прамак.

Се вчитува...