Голем кикс на Милан: Немоќно против Кремонезе

Голем кикс на Милан во 14. коло од Серија А, ремизирајќи без голови на гостувањето против тоталниот аутсајдер Кремонезе.

И покрај огромната желба во текот на целиот натпревар да дојдат до бодовите, „миланезите“ не успеаја да дојдат до посакуваниот погодок за три бода против една од најслабите екипи во лигата, на крајот „задоволувајќи“ се само со реми.

Кремонезе, пак, и натаму нема победа во шампионатот успевајќи да дојде до седмото реми сезонава, наспроти исто толку порази.

Се вчитува...