Актуелниот светски шампион во Формула 1, Ландо Норис, го продолжи договорот со Мекларен и ќе остане дел од британскиот тим најмалку до крајот на 2030 година. Во новиот договор постои и опција за дополнително продолжување.
Норис пристигна во Мекларен во 2017 година како дел од младинската програма, а две години подоцна дебитираше во Формула 1. Во меѓувреме се претвори во еден од најдобрите возачи во шампионатот, а минатата сезона ја освои својата прва светска титула.
Британецот досега има 13 победи и 18 пол-позиции во Формула 1, а со Мекларен освои и две последователни титули во конструкторскиот шампионат – во 2024 и 2025 година.
„Мекларен е мојот дом. Овој тим е мојата втора фамилија и би сакал тука да ја завршам кариерата“, порача Норис по потписот на новиот договор.
Тој истакна дека одлуката да остане во Мекларен била една од најлесните во неговата кариера, иако имало интерес од други тимови.
„Имаше интерес, но никогаш не разговарав сериозно со другите. Не сакав ништо друго. Ова беше најлесната одлука што сум ја донел“, додаде светскиот шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
