Голем пресврт на Голден Стејт за водство од 2-0 во финалето на Западот

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс поведоа со 2-0 во финалната серија во Западната конференција во НБА лигата, откако го совладаа Портланд со 114-111.

Гостите подобро го отворија мечот, а на полувреме заминаа со +15 (50-65). Во третата четвртина „Вориорси“ направија серија од 13-0 за две минути и стигнаа до предност од (87-82).  Портланд повторно заигра одлично во последната четвртина и  предводен од Лилард успеа да стигне до ново водство од 100-108. Сепак, до крајот домаќините предводени од Стеф Кари и Дрејмонд Грин  успеа да напраат целосен пресврт и да стигнат до конечна победа од 114-111.

Најефикасен во победничкиот табор беше Стеф Кари со уфрлени 37 поени, надополнети со по 8 асистенции и скока, Томпсон додаде 24 поени, а Грин 16. Кај Портланд Лилард го заврши мечот со 23 поени, а Мекалум уфрли 22.

Третиот натпревар од финалето на Западната конеференција на програмата е вечерта меѓу сабота и недела со почеток во 3 часот по полноќ.

 

Се вчитува...