Репрезентацијата на Иран се пласираше на Светското првенство, и се најде во вториот шешир пред престојната ждрепка за формирање на групите на идниот Мундијал.
Меѓутоа Иранците се решија да не учествуваат на ждрепката за СП 2026 година која ќе се одржи на 5. декември, поради визните ограничувања кои ги воведоа САД.
Фудбалскиот сојуз на Иран претходно соопшти дека САД одбиле да издадат виза за неколку членови на делегацијата на сојузот. САД кои немаа дипломатски односи со Иран цели четири децении, ќе бидат едни од организаторите на идниот Мундијал заедно со Мексико и со Канада.
Локалните медиуми соопштуваат дека САД меѓу другите одбиле да му издадат виза и на претседателот на федерацијата на Иран. За ова иранската фудбалска федерација испратила писмо и до ФИФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

