Голем проблем за Атлетико: Тројца клучни играчи „аут“ за реваншот

Атлетико Мадрид ремизираше 1-1 на првиот полуфинален дуел од Лигата на Шампионите против Арсенал, а Диего Симеоне се соочува со огромни проблеми со составот во пресрет на реваншот во Лондон следниот вторник.

Двајца стандардни првотимци заработија повреди за време на синоќешниот натпревар и според зборовите на Симеоне, речиси сигурно нема да можат да настапат на вториот меч на „Емирати“. Покрај повредените Џулијано Симеоне и Хулијан Алварез, Атлетико ќе биде и без напаѓачот Серлот, кој се пожалил на повреда пред натпреварот.

„Симеоне, удар и повреда. Алварез, удар и повреда. Тешко е да поверувам дека ќе можат да играат. Големи се шансите дека ќе паузираат подолго време, исто како и Серлот, кој има истегнување на мускулот и затоа не играше“, истакна тренерот на Атлетико по синоќешниот натпревар.

Се вчитува...