Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Прилеп упати јавен апел за итно решавање на кризата во ФК Победа, предупредувајќи дека клубот се соочува со реална опасност воопшто да не ја започне претстојната натпреварувачка сезона 2026/27.

Од сојузот потенцираат дека евентуалното непојавување на ФК Победа на терените би претставувало катастрофален и сериозен удар за цела фудбалска јавност и историјата на прилепскиот фудбал. Се бара брза реакција од сите засегнати страни за да се спаси гордоста на градот.
„Победа не заслужува неизвесност. Клуб со богата традиција, историја и верни навивачи заслужува јасно раководство, транспарентност и конкретен план за иднината. Време е ветувањата на инвеститорите да се претворат во дела, во интерес на клубот, младите фудбалери и градот Прилеп“, порачуваат од ОФС.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА