Голем проблем за Портланд – Лилард го пропушта петтиот меч против Лејкерс

Портланд Треилблејзерс ќе биде без својата прва ѕвезда Демијан Лилард во петтиот натпревар од четвртфиналната пресметка во Западната конференција во НБА лигата против ЛА Лејкерс. Лејкерс во серијата има предност од 3-1 и е на само еден триумф од пласман во полуфиналето.

Лилард во натпреварот број четири поради повреда на коленото го напушти теренот во третата четвртина и веќе не се врати во игра, а од клубот потврдија дека повредата е посериозна и нема да може да му помогне во мечот број пет на тимот.

Лејкерс и покрај поразот во првиот меч, во следните три ја оправда фаворитската улога, а повредата на најдобриот кошаркар на Портланд ги сведува шансите за победа на тимот на минимум.

Се вчитува...