Голем срам за УЕФА: На Чеферин му снема медали за најважните играчи на Тотенхем

Тотенхем еуфорично го прослави големиот пехар во Лигага на Европа, но „спарси“ беа непријатно изненадени при свечената церемонија откако на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, му снема медали за шампионите во ЛЕ.

Поточно, тројцата клучни играчи на Тотенхем, Кристијан Ромеро, Родриго Бентанкур и Кореецот Сон, останаа последни да ги добијат своите медали, но исто како и самиот Чеферин беа шокирани кога увидоа дека УЕФА направила огромен превид, па немаше медали за сите шампиони.

Англиските медиуми се жалат на големиот срам на УЕФА, наведувајќи дека медали од финалето биле доделени на осумте судии, како и на Џејмс Медисон, кој воопшто не беше во протоколот.

Нема сомнеж дека европската куќа на фудбалот ќе ја поправи оваа грешка и фудбалерите дополнително ќе ги добијат медалите, но останува фактот дека ваков превид е недозволив на едно големо финале.

Се вчитува...