Голем удар за Арсенал: Озил не игра ниту против Баерн

Шансите Арсенал да направи чудо на реваншот против Баерн Минхен уште повеќе се намалија откако беше обелоденето дека Месут Озил нема да може да настапи за „топчиите“ на утрешниот реванш дуел. Германскиот репрезентативец поради болест не настапи на дербито со Ливерпул, дуел на кој на „топчиите“ им недостигаше неговата инвентивност во средината од теренот.

Озил утрово тренираше со остатокот од тимот по што во лондонскиот клуб се понадеваа дека тој ќе може да настапи на утрешниот реванш, но Арсен Венгер на денешната прес-конференција соопшти дека тоа нема да биде возможно.

Месут Озил напредуваше кога станува збор за здравствената состојба, но сепак се уште е далеку од 100%. Дуелот со Баерн ќе биде меч на кој ќе играат најподготвените и затоа Озил нема да биде ниту на клупата за резерви. Очекуваме тој да се врати на терените веќе следниот викенд“ – изјави Венгер.

Арсенал има негатива од огромни 1-5 од првиот меч во Минхен и шансите на „топчиите“ за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите се сведени на теорија.

Се вчитува...