Центарот на Фенербахче и репрезентацијата на Чешка, Јан Весели, нема да може да игра на Светското првенство во Кина, потврдија од кошаркарската федерација. Тој се уште се опоравува од повредата на коленото и нема да биде подготвен да му помогне на националниот тим.
„За жал нема да можам да играм на Светското првенство. Здравјето е најважно, а јас морам да го излечам коленото. Се радував на Мундобаскетот, но здравствените проблеми не ми дозволуваат да му помогнам на тимот“, изјави Весели.
Чесите на шампионатот во Кина се наоѓаат во групата Е заедно со репрезентациите на САД, Јапонија и на Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА