Голем удар за Пелистер: Трајковски го повреди коленото

Пелистер неочекувано загуби од Академија ФМП во четвртфиналето до Купот на Македонија, но уште поголем проблем за стручниот штаб претставува повредата на Бојан Трајковски. Македонскиот репрезентативец настрада при една одбранбена акција на вчерашниот дуел, во третата четвртина го напушти теренот и повеќе не се врати во игра, а според првичните ситуации повредата не е нималку наивна.

Станува збор за проблем со коленото, и тоа истото колено поради кое Трајковски пропушти неколку натпревари на „пелистерци“ сезонава.

Тренерот Илиевски и сите во клубот со нетрпение ќе ги очекуваат деталните прегледи закажани за понеделник, кога ќе биде јасно колку е сериозна повредата и дали Трајковски ќе може да настапува во плејофот што ќе стартува следната седмица.

Пелистер во четвртфиналето од плејофот повторно ќе се сретне со Академија ФМП, а подобриот од оваа серија во полуфиналето ќе игра со победникот од пресметките меѓу МЗТ Скопје и Куманово.

Се вчитува...