Голем удар за Реал Мадрид: Бензема го пропушта дербито со Атлетико

Карим Бензема сигурно нема да биде подготвен за дербито со Атлетико. Французинот дивеа повреда минатата недела на гостувањето во Селтик во Лигата на шампионите, а тренерот Карло Анчелоти се надеваше дека ќе се врати за мадридското дерби, но тоа нема да се случи, затоа што лекарскиот тим предложи да одмори до крајот на репрезентативната пауза.

Бензема така ќе има уште две недели да се опорави за остатокот од сезоната и густиот распоред во октомври, каде Реал Мадрид ќе одигра дури девет натпревари.

Реал без Бензема ја совлада Мајорка, а вчера и Лајпциг, така што засега Анчелоти го надоместува отсуството на Французинот во нападот.

Натпреварот Атлетико – Реал е на програмата во недела во 21 часот.

Се вчитува...