Голем удар за Сити – Гвардиола остана без клучен првотимец

Манчестер Сити ќе биде сериозно ослабен во наредниот период по повредата што ја заработи најдобриот одбранбен фудбалер на оваа екипа, Португалецот Рубен Дијаз. Пеп Гвардиола ризикуваше со негов настап на гостувањето против Питерборо во ФА Купот, а Дијаз заработи незгодна повреда на мускулот поради која сега ќе отсуствува на терените.

Гвардиола веста ја потврди на прес-конференцијата пред градското дерби со Манчестер Јунајтед, потенцирајќи дека повредата не е нималку наивна.

„Ќе ги немаме во тимот Рубен Дијаз и Аке. Проблемот со Дијаз е повреда на мускулот, што би значело пауза меѓу четири и шест седмици“, истакна стратегот на Манчестер Сити.

Се вчитува...