Голема акција во Хрватска: Полицијата апси навивачи на Динамо поради инцидентите во Атина

Преку европска потерница Грција побара апсење и екстрадиција на десет навивачи на Динамо Загреб, што ги поврзува со нередите во Атина во кои животот го загуби навивач на АЕК.

Хрватските медиуми пренесуваат дека полицијата постапила по наредба и уапсила неколку навивачи, од кои поточно девет.

Се уште нема официјални информации, полицијата засега не сака ништо да потврди, велат од тактички причини.

Адвокатите на уапсените навивачи тврдат дека грчкото правосудство нема никакви докази против нивните обвинети.

Се вчитува...