Францускиот прволигаш Нант пред неколку години на спектакуларен начин го испрати во пензија Кире Лазаров, а сега повторно укажува голема чест на македонската ракометна легенда.
Нант денеска објави дека по повод 70. роденден на клубот ќе го промовира „Ѕидот на легендите“ на клубот на кој ќе се најдат седум врвни ракометари, на чело со Кире Лазаров.
„Тоа се легендарни ракометари на Нант, кои овозможија клубот да расте и да сјае на највисоко ниво“, се вели во најавата за овој настан. Покрај Кире Лазаров, место на „ѕидот на легендите“ на Нант има и за Рок Фелињо, Доминик Клајн, Алберто Ентрериос, Махмуд Гарби, Фредерик Голе и Бруно Соуза.
Кире Лазаров го носеше дресот на Нант од 2017 до 2022 година, а најголем успех беше пласманот во финалето од Лигата на Шампионите во 2018, каде загуби од францускиот Монпелје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА