Дојава за бомба можеше лесно да го одложи најголемото дерби во Бугарија помеѓу Левски и ЦСКА Софија. Пресметката меѓу лутите ривали беше под голем знак прашалник откако само неколку часа пред почетокот на натпреварот полицијата добила дојава за поставена бомба на стадионот „Георги Аспарухов“.
Според бугарските медиуми, пријавата е прмена непосредно пред да бидат отворени вратите за да може навивачите да влезат на стадионот. Експлозивната направа се наоѓала во секторот А, на влезот број 2.
Веднаш по пријавата полицијата ги зголемила безбедносните мерки, и извршила детален преглед на стадионот. Во таа прилика биле пронајдени голема количина пиротехнички средства, а во секторот Б беа откриени факели, за кои се сомнева дека би требало да бидат активирани за време на мечот.
Дуелот се одигра и заврши 2-0 во корист на Левски, кој од претходно стана нов првак на Бугарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
