„Голема е разликата меѓу Евролигата и НБА“

Лони Вокер за кратко време остави голема трага во тимот на Жалгирис со кој направи добри резултати во Евролигата. Затоа брзо се врати во НБА лигата, каде на првиот меч во дресот на новиот тим го потврди својот квалитет, постигнувајќи 25 поени и 11 скока на натпреварот против Јута.

По завршувањето на неговиот прв меч, новинарите во САД најмногу ги интересираше како Вокер се приспособи на условите во НБА по настапот во најдобрата кошаркарска лига во Европа.

„Има многу фактори кои луѓето не ги земаат во предвид – психичката и физичката состојба, субјективното чувство на се… Временската разлика е седум-осум часа, потоа играње на сосема друго ниво на кошарка, со сосема поинаков стил на игра. Учење нови акции и нов начин на игра“, изјави Вокер. 

Се вчитува...