Голема глупост на Тијаго Силва – ВБА го понижи Челси (ВИДЕО)

Вест Бромвич Албиот го шокираше Челси совладувајќи го на гостински терен со 2-5. Домаќините поведоа со голот на Пулишиќ во 27. минута. И кога се чинеше дека „сините“ од Лондон ќе стигнат до нов лесен триумф, капитенот Тијаго Силва направи голема глупост добивајќи тотално непотребен втор жолт картон по кој мораше да го напушти теренот. Во судиското продолжение во првиот дел ВБА со двата гола на Переира стигна до целосен пресврт (1-2).

Во вториот дел Робинсон во 63. зголеми на 1-3, а само пет минути подоцна беше 1-4 откако стрелаше Диње. Маунт во 71. минута за момент ја врати надежта на навивачите на Челси намалувајќи на 2-4, но конечните 2-5 ги постави Робинсон во 91.

 

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...