Голема победа за Атлетико Мадрид во борбата за титула во Ла лига (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид стигна до голема победа во борбата за титула во Ла лига, откако во 36. коло славеше над Реал Сосиедад со 2-1. Јаник Караско во 16. и Анхел Кореа во 28. донесоа водство за домаќините, додека до крајот гостите преку Зубелдиа во 83. минута само го ублажија поразот.

„Душекчиите“ имаат 80 бода, однносно пет повеќе од градскиот ривал Реал Мадрид кој е трет, но утре го очекува незгоден натпревар против Гранада. Барселона по вчерашното реми со Леванте има четири бода негатива зад Атлетико и минимални шанси за освојување на трофејот.

 

 

Се вчитува...