Голема победа за Атлетико во борбата за титулата (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид го совлада Атлетик Билбао со 2-1 во заостанат натпревар од 18. коло во шпанската Ла лига. Гостите поведоа со голот на Икер Муниан во 21. минута. Во последните минути од првиот дел Маркос Љоренте израмни на 1-1, а конечните 2-1 ги постави Луис Суарез во 51. минута.

Атлетико Мадрид е првопласиран со 62 бода, односно шест повеќе од второпласираната Барселона. Билбао останува осми со 33 бода.

 

 

 

 

Се вчитува...