Голема победа за Вецлар на Миркуловски и Кузмановски во борбата за опстанок во Бундеслигата

Македонскиот Вецлар кој во своите редови како помошник тренер го има Филип Миркуловски, додека од неодамна на теренот е и Филип Кузмановски стигна до голема победа во борбата за опстанок во германската Бундеслига откако славеше на гостувањето кај Штутгарт со 28-30.

Гостите сите дилеми околу победникот ги решија уште во првото полувреме кое го добија со 11-18. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 28-30. Филип Кузмановски натпреварот го заврши со два постигнати гола.

Во останатите мечеви од програмата во Бундеслигата: Фленсбург – Лемго 34-27, Магдебург – Гумерзбах 41-29 и Хановер – Мелсунген 26-26.

Се вчитува...