Голема трагедија на рели во Унгарија: Возило излета од патеката, најмалку четворица мртви

Најмалку четири лица загинаа, а седум се повредени во несреќата што се случи на унгарскиот рели „Естергом-Нјергес“.

Се уште не се познати точните околности на несреќата, а трката е прекината. На местото на настанот пристигнале неколку спасувачки хеликоптери. Унгарските медиуми јавуваат дека еден од учесниците на релито изгубил контрола над автомобилот и излетал од патот, по што удрил во група гледачи.

Според досегашните информации четири лица загинале, а седум се повредени, пишуваат на полицискиот сајт. Несреќата се случила за време на трка меѓу градовите Лабатлан ​​и Бајо во северозападна Унгарија.

Се вчитува...