Голема трагедија – Почина 14-годишно дете на прославата на Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид вчера стигна до 11. титула во историјата во Ла лига. По натпреварот голема трагедија ја уништи прославата која беше во тек за освојување на трофејот. 14-годишно момче го загуби својот живот откако со главата удри во бетонски ѕид на паркинг додека се подготвувал за прослава на титулата.

Детето веело знаме качено на комбе кое го управувале пријатели на неговите родители. Тој бил излезен на прозорецот на комбето, по што паднал и директно удрил со главата.

 

Се вчитува...