Голема трагедија во Хрватска: Футсал репрезентативци загинаа во сообраќајна несреќа

Голема трагедија ја потресе спортска Хрватска. Двајца членови на футсал клубот Динамо, Матија Цапар и Оскар Кадрнка го загубија својот живот во сообраќајна несреќа која се случила ноќва еден час по полноќ.

33-годишниот Цапар беше и хрватски репрезентативец во футсал, а во Динамо беше и тренер на кадетскиот тим. Младиот Кадрнка, пак, беше член на кадетската футсал селекција на Хрватска.

Несреќата се случила по враќање од турнирот во футсал за кадети кој се одржувал викендов во Шибеник.

„Ноќва околу 1:30 часот по враќање од турнирот во Шибеник животот го загубија младиот Оскар Кадрнка и тренерот Матија Цапар“ – официјална соопштија од Динамо.

Се вчитува...