Големата надеж на Реал Мадрид и на Шпанија, потпиша за Анкарагучу

Шпанскиот фудбалер Хесе Родригез, нов играч е на Анкарагучу. 29-годишниот играч со екипата од Анкара потпиша едногодишен договор со опција на продолжување на уште една сезона.

Хесе настапуваше за Реал Мадрид и му се предвидуваше блескава кариера. Потпиша за ПСЖ, а потоа следува пат во кариерата, па играше во Стоук, Бетис, Спортинг Лисабон, а минатата сезона играше во второлигашот Лас Палмас.

Хесе можеби ќе биде соиграч со Дарко Велковски, кој е пред потпис со турскиот тим, кој има сериозни амбиции за следната сезона.

Се вчитува...