Големата премија за Драган Стојковиќ наиде на голем револт во српската јавност

Српската фудбалска репрезентација за прв пат во 24 години ќе настапи на големиот континентален собир на најдобрите репрезентации во овој спорт откако избори место за следното Европско првенство кое во 2024 година ќе се одржи во Германија.

За успехот Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе и додели на Српската фудбалска федерација премија од 9.5 милиони евра, а 12 отсто (1.140.000 евра) од неа ќе заврши на сметката на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси со оглед на договорот кој го има српскиот стратег.

Тоа наиде на големо незадоволство во српската јавност поготово доколку се земе во предвид лошиот настап на „Орлите“ во квалификациите и покрај лесната група во која нашиот северен сосед силите си ги одмери со Унгарија, Црна Гора, Литаванија и Бугарија.

Се вчитува...