Организаторите на УС опен најавија дека сите тенисери кои без пишана дозвола ќе го напуштат „балонот“ во Њујорк ќе бидат дисквалификувани, а ќе им следи и голема финансиска казна. Грен-слемот во САД треба да почне на 31. август со сите мерки за заштита поради пандемијата од коронавирусот.
Како што беше претходно наведено публика нема да има, а ќе се игра во изолиран простор. Доколку некој тенисер или тенисерка го напушти „балонот“ без пишана дозвола од шефот на медицинскиот тим или директорот на турнирот, ќе биде исфрлен од натпреварувањето. Во тој случај ќе се важат бодовите од минатата сезона, а ќе добие и висока парична казна.
Во случај тренер или гостин на тенисер да ја напушти „сигурната зона“ ќе ја изгуби акредитацијата и ќе мора да го напушти хотелот во рок од 24 часа. За потсетување актуелниот шампион Рафаел Надал го откажа своето учество.
— José Morgado (@josemorgado) August 4, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА