Кошаркарот на Филадефлија 76, Џоел Ембид го повреди левото рамо на мечот против Кливленд Кавалирс. Ембид повредата ја заработи во првата четвртина, а како што е најавено го очекува преглед со магнетна резонанца по кој ќе се знае тежината на повредата. Тренерот на „франшизата“ Брет Браун вели дека од тимот се уште не знаат дали Камерунецот ќе биде подготвен за следниот меч.
„Сега се зависи од медицинскиот тим. Навистина не сум сигурен дали ќе биде подготвен, навистина не знам“, изјави Браун по поразот на неговиот тим од Кавс.
Повредата на Ембид е нов проблем за Сиксерс, бидејќи веќе некое време е надвор од теренот и втората ѕвезда на тимот Бен Симонс, а се уште не е познато кога ќе биде подготвен да се врати на терените.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА