Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан, доживеа тешка повреда на десното колено за време на неговите индивидуални тренинзи во САД. Деталните медицински прегледи покажаа дека тој целосно го скинал внатрешниот менискус.
Веднаш по дијагнозата, Нан беше подложен на успешна артроскопска операција, при која му беше отстранет оштетениот дел од менискусот.
Неговото враќање на кошаркарските терени се очекува за шест до осум недели, иако се уште нема конкретни информации од грчкиот клуб за неговиот кам-бек на терените.
GET WELL SOON, KENDRICK 💚
Ο Κέντρικ Ναν υπέστη ρήξη έσω μηνίσκου στο δεξί γόνατο κατά τη διάρκεια των ατομικών προπονήσεών του στις ΗΠΑ και άμεσα, την Τετάρτη (19/8) υποβλήθηκε σε επιτυχημένη επέμβαση αρθροσκοπικής μερικής μηνισκεκτομής.
Ευχόμαστε στον αθλητή μας ταχεία… pic.twitter.com/kV67aM2tfK
— Panathinaikos BC (@Paobcgr) August 19, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
