Големи проблеми за Партизан – „црно-белите“ добија суспензија од ФИФА

ФИФА го суспендираше белградскиот великан Партизан со забрана за регистрација на нови играчи до 2024 година, објавија медумите кај нашиот северен сосед. Причина за тоа се неплатените долгови кон швајцарскиот клуб Лугано при трансферот на фудбалерот Филип Холендер.

Партизан имал обврска до март да го подмири заостанатиот долг, но откако парите не биле уплатени на сметката на Лугано, швајцарскиот клуб се обратил до ФИФА, а „куќата на фудбалот“ експресно реагираше.

Ова значи дека, „црно-белите“ нема да можат да го искористат летниот преоден рок од 2022 и 2023 година и зимата 2023 година. Штом долгот се подмири, во овој случај, казната автоматски ќе се укине.

Се вчитува...