Големи проблеми за Реал Мадрид: Асенсио заврши во болница

Младиот дефанзивец на Реал Мадрид, Раул Асенсио, е задржан во болница поради тешка форма на гастроентеритис. Според шпанските медиуми, состојбата на фудбалерот е загрижувачка бидејќи за само две недели изгубил дури шест килограми, што укажува на сериозна исцрпеност на организмот.

Асенсио во моментов е под постојан лекарски надзор за да се изолира точниот вирус и да се спречат понатамошни компликации. Ова е нов удар за тренерот Aрбелоа, кој во клучниот дел од сезоната останува без важна опција во одбраната.

Од клубот сè уште немаат прецизна прогноза за неговото враќање на терените, нагласувајќи дека закрепнувањето на играчот е примарен фокус.

Се вчитува...