Големи проблеми за Сакраменто кингс на стартот на новата сезона

Иако избегна тешка повреда, најдобриот кошаркар на НБА тимот на Сакраменто Кингс, Де Арон Фокс, сепак извесно време ќе биде надвор од терените поради исчашувањето на скочниот зглоб што го заработи при неделната победа против Лос Анџелес Лејкерс.

Фокс, кој постигна 37 поени за 34 минути во победата на кралевите на домашен терен по продолжението од 132-127, мораше да ги пропушти последните три и пол минути од натпреварот поради болки во зглобот.

Минатата сезона, Фокс беше избран за „Ол-стар“ натпреварот и беше дел од третата најдобра петорка во лигата.

Се вчитува...