Големи промени во Тетекс: Десет фудбалери си заминаа, четири нови засилувања досега

Екипата на Тетекс со сериозно промени во играчкиот кадар ќе ја очекува новата сезона во второлигашката конкуренција.

Од редовите на „штофарите“ ова лето си заминаа десет досегашни стандардни првотимци, а ангажирани се досега четири нови засилувања.

Тетекс низ актуелниот преоден рок го напуштија Мирослав Јовановски, Дино Најдоски, Тони Брњарчевски, Фатон Реџепи, Енсар Бафтијари, Борјан Панчевски, Хузри Џемаили, Аљбион Ибраими, Ваљмир Јонузи и Брилант Сулај на кои од клубот им се заблагодарија за досегашната соработка.

Нови засилувања на тимот се Стефан Коцев од Македонија ЃП, кој игра на позицицијата последен играч за врска, Башким Љама кој пристигна на позајмица од Шкендија, Филип Крстевски од Локомотива и Никола Ѓорѓиевски од австриски ФАВ АЦ.

Според планот на стручниот штаб фудбалерите ќе работат во Тетово, односноБрвеница, во првата фаза од подготовките. Засега договорени се и три пријателски средби против младинците на Вардар (17. јули),  Тиквеш (21. јули) и Силекс (24. јули).

Се вчитува...