Големината на Лукаку: Можеше да даде хет-трик, но поважно му беше…

Ромелу Лукаку беше во главна улога на денешниот дуел меѓу Интер и Џенова, на кој белгискиот голгетер покрај фудбалските квалитети ја покажа и човечката големина.

При резултат 2-0 на почетокот од второто полувреме беше досуден пенал за домаќините, Лукаку е прв изведувач на овие удари, но овојпат Белгиецот му ја даде топката на Еспозито, 17-годишниот напаѓач кој го постигна својот прв калчолигашки погодок.

Некои работи се поважни од постигнувањето на погодоци, па навивачите на Интер со огромен аплауз го наградија овој потег на својата „деветка“.

Се вчитува...