Големиот Федерер: Да имаше во тенисот реми, ќе го поделев пехарот со Надал

Роџер Федерер стигна до својата петта титула во Мелбурн, вкупно 18. во кариерата на неповторливиот швајцарски ас. Тој по големото финале имаше само пофални зборови за својот ривал Рафаел Надал, порачувајќи му да продолжи да игра уште долги години.

За жал, тенисот е таков спорт што не постојат нерешени натпревари. Ако имаше реми, со задоволство ќе го поделев овој пехар со Надал. Пред пет месеци бевме заедно во неговата тениска академија и не ни помислувавме дека можеме да одиграме уште едно меѓусебно финале. Рафа, продолжи да играш, на тенисот му требаше, продолжи да го правиш она што го правиш најдобро“ – изјави Федерер по триумфот.

Надал за првпат во својата кариера загуби меч на Австралија опен од својот голем ривал.

Да бидам искрен, низ годините јас најчесто ги добивав овие маратони со Федерер. Денеска победи тој и можам само да му честитам, на играта, желбата и залагањето. Мислам дека Федерер малку повеќе ја заслужи титулата од мене и можам само да му честитам од се срце, бидејќи многу напорно работеше во изминатите месеци за да може повторно да игра тенис на највисоко ниво“ – истакна Надал.

Се вчитува...