Големиот Ибра спречи победа на Ливерпул на „Олд Трафорд“… (ВИДЕО)

Големата дерби пресметка од 21. коло во Премиер лигата меѓу традиционално најлутите ривали во англискиот фудбал, Манчестер јунајтед и Ливерпул, заврши без победник (1-1).

Ливерпул беше само на неколку минути од освојување на „Олд Трафорд“, но големата радост на четата на Јирген Клоп ја спречи, кој друг ако не, Златан Ибрахимовиќ со голот во 84. минута од средбата.

united - liverpul

Ливерпул поведе со голот од пенал на Џејмс Милнер во 27. минута од средбата. Пеналот беше подарок од Пол Погба кој непотребно играше со рака во својот шеснаесетник…

„Црвените ѓаволи“ по бројните атаци во второто полувреме успеаја да стигнат до израмнување во 84. минута.

All Goals & Highlights HD – Manchester United 1… by arcturusmedia33

Ова е и второ реми сезонава на Јорген Клоп и Жозе Мурињо, кои по она реми без голови на „Енфилд“ во октомври минатата година, сега повторно си ги поделија бодовите.

Ливерпул со 45 бода се израмни на делба на втората позиција на табелата со Тотенхем, додека Манчестер јунајтед има 40 бода, доволни за шесттата позиција. На врвот од табелата е Челси со 52 бода.

  

Се вчитува...