„Големите“ победуваат и кога не играат добро (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЖРК Вардар ја продолжи серијата победи и против Мец, покажувајќи уште еден квалитет што го поседуваат оние најквалитетни екипи, кои знаат како да победуваат и кога не играат најдобро. „Црвено-црните“ се мачеа против агресивната зона 3-2-1 на францускиот клуб, но затоа одбраната беше на ниво.

Секако, имаше и среќа кога последниот шут на Мец заврши во дирекот од голот на Лејно, но „вардарки“ ја заслужија со залагањето. Очигледно е дека Дејвис се уште експериментира со инсистирањето на целосна ротација на екипите на по 15 минути во полувреме, на што се должат и осцилациите во играта на македонскиот првак.

Сепак, на крајот се бројат само победите, а ониее кои се бележат кога играта е под посакуваното ниво, се уште послатки. Шпанскиот стратег увиде слабост во играта и нема сомнеж дека истата ќе биде отстранета навреме, пред главниот предизвик на „вардарки“ – фајналфор турниот во Будимпешта.

[new_royalslider id=”495″]

Се вчитува...